„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“. Вака гласеше референдумското прашање на референдумот за промена на името кој дојде како последица од Договорот од Преспа од 2018 година.

Тогаш владејачката СДСМ тврдеше дека тоа е референдум со кој граѓаните се одлучуваат дали се за членство во ЕУ и НАТО. Рефендумот кој се одржа 30 септември пред осум години беше неуспешен бидејќи не излегоа половина од запишаниот број гласачи во Избирачкиот список, одосно на гласање излегоа само 36.91 посто гласачи.

Дека референдумот е неуспешен официјално го прогласи Државната изборна комисија. Но, тоа не му пречеше на тогашниот премиер Заев во чија влада беше и сегашниот лидер на СДСМ да почне процедура во Собранието за промена на името која му успеа. СДСМ тогаш се вадеше со изговор дека тоа било консултативен референдум а не задолжителен.

Се до вчера кога Венко Филипче побара нов референдум за ЕУ. За нешто што македонските граѓани веќе се изјаснија. Сега Филипче бара ново гласање за да ги внесе Бугарите во Устав и да се отворат преговорите со Унијата. А сите се сеќаваме на позната слика од авиончето кога тогашната „екипа“ го прослави почетокот на преговорите.

Филипче сака македонските граѓани пак да бидат излажани. Тоа време помина. Ако толку е убеден дека граѓаните сакаат референдум нека го побара со 20 пратеници во Собранието или со 150.000 потписи. Но не, Венко сака власта да го распише, а власта не го бара туку тој за да и се додвори на Радев и Бугарија.

Во СДСМ дефинитивно не знаат кај тераат.