Во координарана меѓународна акција во таење од 18 месеци, македонската полиција разбила девет члена организирана криминална група која преку канали во Германија, Шпанија, Панама, Хондурас и Мексико, шверцувала мигранти во САД и во Канада. Како што информираа од МВР, во периодот од април 2017 до март 2018 година, шверцерите на луѓе, од Македонија и Албанија префриле во Канада и во САД педесетина мигранти, за што незаконски заработиле околу еден милион долари.

Членовите на групата се на возраст од 33 до 59 години и се од охридско, струшко и двајца од Дебар. Тие врбувале потенцијални мигранти, по што им обезбедувале фалсификувани патни исправи, им резервирале и купувале автобуски и авионски билети и им резервирале хотелски соби во Шпанија, но и во Панама, Доминиканската Република, Хондурас и Мексико.

Таму нивни соработници ги прифаќале мигрантите и илегално ги пренесувале до крајната дестинација.