ВМРО-ДПМНЕ до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај, со основано сомнение дека на изминатиот референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени во текот на референдумот, но и  заради грубо полнење на кутии.

Оттука е и потребата за смена на Републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески, што е неминовност заради неговото нестручно и несовесно работење, односно неработење со што прави злоупотреба на службена должност. И за тоа ќе одговара, рече партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Со Љубомир Јовески на местото републички јавен обвинител, во Република Македонија демократски избори се невозможни, порача Стоилковски.