Генералниот секретар на СДСМ и пратеник во Собранието, Александар Кирацовски на фејсбук објави дека побарал таткото на неговата сопруга да да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифатил.
Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот. Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола“, напиша Кирацовски.
Тој додава дека неговиот ангажман бил сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика, ниту со политичари.
Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно. Жалам што и Борис Поповски како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас“, стои во објавата на Кирацовски.
Comments are closed for this post.