Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е во предност. Ќе победи концептот кој води напред, велат од изборниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ, ДУИ и коалицијата. Според шeфот на изборниот штаб на Пендаровски, Александар Кирацовски извесно е дека нивниот кандидат ќе биде новиот претседател.

Пендаровски има предност во првиот круг, а тоа значи победа и во вториот круг. бадијала се храбри ВМРО-ДПМНЕ. Губат во првиот, а ќе изгубат и во вториот круг, рече Кирацовски.