Социјалдемократите ги чекаат коалиционите партнери во секој момент да пристигнат во Изборниот штаб на Стево Пендаровски, во скопскиот хотел „Хилтон“.

Интересот на новинарите беше каде се претставниците од ДУИ, со оглед на тоа што Пендаровски е заеднички кандидат. Шефот на ИШ на Пендаровски, информираше дека тие се очекуваат да пристигнат, по што најверојатно ќе следува прес-конференција на пендаровски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.