Неофицијално како што дознава Пресинг ТВ од извори во судот одреден е 30 дневен притвор за Зоран Милески Кичеец.

Дел од медиумите пак повикувајќи се на извори од истражниот затвор „Шутка“ објавуваат дека тој е веќе однесен таму со полициска придружба.

Одлуката се  очекува судијата за претходна постапка да ја објави во писмено соопштение по завршувањето на сите истражни дејства.

Кичеец  е второосомничен во случајот во кој Бојан Јовановски познат како Боки 13 се товари за рекет од 1.5 милиони евра изнудени од познат скопски бизнисмен.

Распитот на Јовановски е сеуште во тек.