Одреден е 30-дневен притвор за бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец, второосомничен за изнуда на поари, во истрагата што денеска ја отвори Обвинителството.  Информацијата за  ТВ21 ја потврди Садуш Арифи, заменик-директор на затворот „Скопје“ во Шутка.

Како што информираат од истражниот затвор, Кичеец веќе е донесен со полициска придружба.

Во Кривичниот суд се уште трае распитот на првоосомничениот, Бојан Јовановски.