Второобвинетиот во случајот на ОЈО за рекет и перење пари, Зоран Милески Кичеец со полициска придружба предмалку беше изнесен од Кривичниот суд и ставен во полициско комбе.

Засега нема информации дали му е доделен притвор.

Кичеец и Бојан Јовановски-Боки 13 се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.