Додека јавноста го чека исходот од случајот „Рекет“ , неколку медиуми објавуваат фотографии од плажа во Неа Каликратиа каде наводно била забележана специјалната обвинителка Катица Јанева. Фотографиите како што објавуваат медиумите ги испратиле читатели и посочиле дека истите се направени на плажа во Неа Каликратиа.

Освен од специјалната обвинителка, беше објавена фотографија и од нејзиниот син Лазар кој наводно е фотографиран на истата грчка плажа каде што е забележана и Јанева.