„СЈО беше искористено само за промена на власта, без да даде конкретни резултати во искоренување на криминалот и корупцијата. “ оценува Биљал Касами во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Прашан за случајот „Рекет“ тој вели дека не се води за да се затвори и да се донесе правосудно решение, туку за да се фрли прав во очите на граѓаните дека еве се работи нешто.

„Пуштањето на еден од главните осомничени во домашен притвор оди во тој правец дека не е целта да се затвори со правно и со судско решение тој процес, туку само да се одолговлекува толку многу за јавноста да се разочара од целиот процес и полека го заборави“, потенцира Касами.

Касами посочи дека во периодов разговараат со ВМРО-ДПМНЕ како опозициски партии и вели дека останува нивната позиција дека би коалицирале со која било македонска политичка партија, која ќе ги сподели нивните програмски заложби.