Централниот караван на коалицијата „Заедно напред!” денес ќе биде на средби со граѓаните на Градско, Росоман, Демир Капија, Неготино и Кавадарци. Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе учествува на граѓанска трибина во 14.00 часот во Дом на културата „Крсте Петков Мисирков“, а во 20.00 часот, во Кавадарци во Дом на култура „Иван Вазов Климе“, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на Кавадарци, каде свое обраќања ќе имаат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кандидатката за престедател Гордана Силјановска Давкова денеска ќе одржи два собира. Првиот е во 18.30 часот во Гостивар, а потоа во 20.30 часот ќе се одржи митинг и во Тетово.

Вчера Стево Пендаровски од Ѓорче Петров порача дека во неговиот преседателски мандат нема да има амнестија за криминалци. Тој притоа како едно од клучните прашања го посочи Специјалното јавно обвинителство.

Многу сме блиску до формирање мнозинство кое ќе обезбеди натамошен живот на СЈО,  кое ќе продолжи да гони криминалци од тоа време, тие пари да ги вратат назад, оти тие се наши заеднички пари“.

Пендаровски ги повика присутните да излезат на претседателските избори масовно.

Кандидатот за претседател, професорката Силјановска Давкова на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во  Кичево истакна дека во Европската унија не се оди со Ориент експрес, туку со вистински реформи.

Оваа влада со епитет на реформска, единствената реформа што ја направи е промената на името, изјави Силјановска, додавајќи дека според сите извештаи во државата опстојува хибриден режим и нелиберална демократија и како такви не можеме да седнеме на европската маса.“, рече таа.

Претседателскиот кандидат Блерим Река пред жителите на Теарце потенцираше дека преку програмата што ја претставува ќе работи на тоа да има државен систем што е добар за сите. Ја потенцираше поддршката што ја добива од двете партии за победа.

Јас велам република, а не друштво за сите. Сега Македонија не е држава за сите. Како претседател и како врховен командант ќе се залагам НАТО како гарант на Охридскиот договор да помага во ресоцијализацијата на припадниците на ОНА, за кои во разговор овде низ Тетовско разбрав дека немаат добри услови за живот. Никој не може да ги натера Албанците да гласаат против себе, против Албанец“, истакна Река во Теарце.