Адвокатот Сашо Дукоски ја презентираше авионската карта на Бојан Јовановски со која тој тврди дека тој воопшто немал намера да бега туку дека планирал да замине на седумдневен одмор во соседна Грција. На резервираниот билет се гледа дека Боки 13 заедно со водителката Лила Филиповска требало од аеродромот во Солун до островот Миконос.

Боки во желбата пред Апелација оцени дека обвинителката Вилма Рускоска манипулира со изјавата дека тој „не бил фатен во библиотека туку на граничен премин како бега“.

Јовановски уверува дека немал никаква намера да бега и оти се упатил на легален граничен премин и оти до судот е доставена и резервација од хотелот на Миконос каде трабало да престојуваат со неговите пријатели.