Неминовна тема во вечерашниот ТВ-дуел меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев е случајот „Рекет“.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека и тој можел да го заташака случајот, но го пријавил.

Не било лесно да се гради правна држава. Можеше и Зоран Заев да ги заташкува случаите како што се заташкуваа и порано. Зоран Заев го пријави случајот. На 22 април директно го пријавив во Јавното обвинителство, пред државниот обвинител и обвинителката за организиран криминал. Тоа го видов во мојата агенда, не можете да се сеќавате на се. Дали има записник, треба јавното обвинителство да ви каже, јас важно го пријавив случајот. Не знам дали виделе записник, дали е тој архивиран, дали е дел од предметот, рече Заев, одговарајќи на новираската забелешка дека не се појави записник како доказ дека навистина го рпијавил случајот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски реплицирајќу му на својот опонент Заев рече дека за разлика од Заев, кој требало да провери во агендата кога го пријавил случајот „Рекет“ во обвинителството, негов сопартиец, кој исто така пријавил во Обвинителството, има доказ, лист на кој од едната страна е потпишан обвинителот, а од другата пријавителот.

Тој записник е архивиран. Ова вие што го кажувате е „царот е гол“. Фатени сте дека не ја зборувате виситината и потоа се вадевте со тефтерчето. Знате за тефтерчето… Сето останато е басни и поезија, рече Мицкоски.

На денешната дебата Мицкоски директно го праша Заев дали се сеќава дека потпишал пријава за рекет.

Замислете пријавен е тој случај „Рекет“, по истиот принцип земен е исказ, го потпишал обвинителот од десната страна, од левата пријавителот, архивирано е во архивата. Постои доказ за пријавувањето. Но како што гледам никој не ве викнал на соочување да ве праша дали ова е вистина. Можеби е монтиран тој разговор, сечено лепено, не знаеме. Можеби не е така, но вие рековте дека тоа е така. Се сеќавате, на онаа провладината теливизија, вие рековте така, не јас, посочи Мицкоски и дополни:

Вие можеби и да сте го пријавиле сличајот, но не се пријавува случајот кога ќе го викнете кај вас во кабинет да се договорите што ќе правите. Се знае каква е постапаката кога се пријавува случај. Кога ќе ги ослободиме правосудните органи од нас политичрите. Каде е тој документ дека сте пријавиле Се сеќавате дека сте потпишале документ кога сте го пријавиле случајот?

Не се сеќавам, одговори Заев.