Концептот на Министерството за правда е да се се изгаси Специјалното јавно обвинителство (СЈО), рече денеска на прес – конференција професорот по право, Гордан Калајџиев по средбата на работната група во тоа министерство.

Калајџиев рече дека на состанокот дошла заменичката на министерката Рената Дескоска, која според него, дошла без концепт или стратегија.

Јас избегнав да разговарам како да ја гледаме судбината на СЈО, за неговото укинување без да имаме проценка на тоа“, рече тој и праша зошто СЈО треба да згасне, а ЈО да ги преземе неговите капацитети кога немаме оценка за успешноста на едното или другото обвинителство.

 

Концептот на Министерствотото е да го гасне СЈО и да продолжи да работи во рамки на ЈО. Практично се растура комплетно СЈО“, рече Калајџиев.

Тој додаде дека не му е јасно зошто не се бира нов обвинител во услови кога се водат преговори за законот за ЈО, кои се многу незивесни и се водат без стратегија.

Колку што разбрав републичкото обвинителство е спремно да ги прифати предметите, а СЈО се мисли дали нив да ги предаде, бидејќи е проблематичен правниот однос. Јас како професор по право мислам дека тоа не може и мислам дека дополнително ќе се искомплицираат работите со тоа што ќе им се даде дополнителен основ на одбраната и на адвокатите да ја оспоруваат правната изрдржаност на оваа трансформација“, истакна проф. Калајџиев.

Професорот кажа дека и него многу нешта не му се јасни, но оти „јасно ми е дека е донесена одлука да згасне СЈО без да видиме која е вистинската причини“.

Не се изјаснува ни меѓународната заедница, на состанокот имаше претставници од амбасадата на САД, на СЈО, сите тие изглоа од задниот влез, треба и нив да ги прашате нив. Очигледно е дека идејата да се формира СЈО не беше моја, беше на САД. Тие се фактор. Во кој момент тие и ЕУ се откажаа. Идејата беше законот за ЈО да не се бутка само како закон на хартија, туку да се обезбеди да опстои СЈО на потрајна основа. Кога се откажаа од таа идеја, стои гол закон и со право сме сите збунети. Мислам дека тој закон не треба да се носи набрзина, треба да продолжи законот за СЈО и не знам кој ќе одговара зошто не е избран специјален обвинител. Треба да се завршат барем предметите за кои се суди.

По мене СЈО не треба да згасне зашто тоа е и симбол на владеењето на правото – смета проф. Гордан Калајџиев.