Според првичните неофицијални резултати на Централната изборна комисија во Софија, на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, во Македонија гласале околу 650 бугарски државјани.

Најмногу гласови, 207, освои ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, а на второ место е ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со 136 гласа или 20,7 отсто.

Победничката овоформирана партија Промената продолжува, во Македонија освои 68 гласови, или 10,3 отсто. Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов освои 21 глас, или 3,2 отсто.

За бугарските избори во Македонија се гласаше во Скопје, Охрид, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Битола и Штип.

Но, првичната бројка гласачи е далеку под прокламираните 120.000 граѓани со бугарско државјанство во Македонија, бројка врз основа на која официјална Софија ги темели своите политики спрема нашата држава.