Неколку дена откако СДСМ и ДУИ успеаја да го опструираат изгласувањето на недоверба на Владата, Собранието си продолжува нормално да работи. Ова всушност и не може да се нарече нормална состојба ако се знае односот на силите во Законодавниот дом.

Никој со сигурност не може да потврди колку пратеници има власта а колку опозицијата а згора на тоа го имаме и „киднипираниот“  Кастриот Реџепи“ кој денеска треба да излезе од „заробеништво“ и да каже како ќе делува.

Но, како и да е , никој не може да се пофали дека има парламентарно мнозинство. Власта се обидува да го зголеми со „докупување“ пратеници.Најблиску до таборот на СДСМ и ДУИ засега се Алтернатива.

Од друга страна пак ВМРО-ДПМНЕ бара брзи избори како единствено решение за политичката криза. Сепак за избори потребно е распуштање на Собранието а за тоа е потребен 61 глас што во моментов никој го нема..