Откако попладнево беше објавено дека Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска за Канал 5 вели дека во телефонот на Катица Јанева нема ништо, односно дека е форматиран со сменет I Cloud.

Инаку за овој телефон, синот на обвинителката Јанева тврдел дека е изгубен во Белград, но потоа тој беше пронајден во Македонија, кај неговата девојка.

Обвинителството засега не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.