Создадени се првите конкретни услови, преку обезбедување финансиски средства, за изградбата на новиот Универзитетски Клинички центар во скопската општина Ѓорче Петров.Ова е една од одлуките донесени на денешната 148-ма седница на Владата.Се усвои

Начинот на финансирањето на изградбата на Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје, како и Информацијата за започнување на реализацијатана новиот Универзитетски Клинички центар.

Задолжено е Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство да отпочне преговори со конзорциумот на банки Erste group, Raifaisenbank и UniCredit за заем обезбеден со гаранција од ECA.

На седницата еконстатирано дека е завршена фазата на утврдување најповолна понуда на кредит, а тоа што станува збор за познати светски банки, само ја потврдува довербата на странските кредитори кон нашата држава.

На седницата е задолжено Министерството за здравство, како договорен орган, да ја спроведе постапката за јавната набавка за изградба. За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички центар, Владата донесе одлука, со оглед дека во изведбата обврски имаат и други министерства и институции, да даде рок од 30 дена, во коишто тие ќе ја разгледаат можностаза придонес во реализацијата и повратно ќе ја известат Владата.

На владината седница е констатирано, дека доколку сите процедури се одвиваат според предвидената динамика, може да се очекува во текот на зимата да бидеоставен камен темелникот на новиот Универзитетски Клинички центар во Скопје, којшто треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги зан населението во целата држава.