Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, објави весникот „Вечер“.

Вештачењето и на вториот одземен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева заврши. Во интерес на истрагата , детали не се соопштуваат. Наодот од вештачењето е предаден во Обвинителството за организиран криминал, велат од ОЈО за „Вечер“.

Оттаму додаваат дека засега истрагата не е проширена на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, а дали тоа ќе се случи зависи од прибраните вербални и материјални докази.