Специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева која беше на боледување се појави во СЈО. Новинарските екипи ја чекаат пред влезот на Обвинителството.
Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Од тогаш не беше достапна за јавноста.
Во меѓувреме, од Јавното обвинителство информираа дека е пронајден и другиот телефон на Јанева, кој бил подарен, а не изгубен.
Вчера беа објавени фотографии од обвинителката во скопски салон за убавина.
Comments are closed for this post.