Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска на пладне ќе даде свечена изјава во Собранието и ќе биде со инаугуриран на функцијата.

На инаугурацијата ќе приуствуваат повеќе државници од регионот, и дипломатскиот кор. Меѓу нив и четворица лидери во регионот, српскиот претседател Александар Вучиќ, бугарскиот претседател Румен Радев, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи“.

Грција ќе ја претставува шефот на дипломатијата, Јоргос Катругалос, а Црна Гора министерот за надворешни работи Срѓан Дамјановиќ.

По инаугурацијата Пендаровски ќе замине во Вила Водно на средба со претседателот во заминување Ѓорге Иванов кој ќе му ја предаде функцијата.