По реакциите на неколкумина претставници на влсат дека претседателот, одлуката на претседателот, Ѓорѓе Иванов, да не ги потпишува законите на коишто стои променетото име на земјата, со став се огласија и од претседателскиот кабинет.

Противуставно и на незаконски начин, без потпис од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Службен весник веќе беа објавени укази за прогласување на закони донесени од Собранието.

Оттука, никој не го спречува Собранието да го повтори веќе направениот преседан.

Според законските процедури, законите кои не се потпишани од претседателот на државата се враќаат повторно во Собранието, при што тие повторно може да поминат со просто мнозинство, односно со 61 глас. Такво нешто е најавено за во среда, за кога Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги закажа 93. и 94 седница.