Попладневно Кабинетот на претседателот на Република Македонија, издаде соопштение за јавноста во врска со поведување постапка за проверка на имотната состојба на претседателот Ѓорге Иванов, од страна на Државната комисија за спречување корупција. Во соопштението се наведува:

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес изрази благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат.

Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија,  онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов“.