Обвинетиот Игор Југ на снимките се гледа дека е во прес салата и меѓу првите го пробива влезот и се движат кон пратениците, објасни на денешното изрекување на пресудите судијката Добрила Кацарска.

На повеќе снимки тој е во непосредна близина на пратениците и повеќе пати се гледа како ја мести маицата позади со рацете. На една снимка јасно се гледа дека маицата од десната страна му е подигната и се гледа темно сив предмет над налепницата од фармерките. Југ се гледа се допира позади на половината каде што всушност се наоѓа и темно сивиот предмет.