Обвинeтиот Александар Василевски Нинџа се гледа дека е присутен во кафе барот „Дион“ и има комуникација со дел од обвинетите кои беа присутни во Собранието, објаснуваше судијката Добрила Кацарска за време на изрекувањето на пресудите за 27 април.

Гледа во кесата со маски што значи дека оваа група од Дион ќе оди во Собрание, а на себе ќе имаат и фантомки. Обвинетиот пред и за време на настаните имал контакти со високи функциониери на ВМРО-ДПМНЕ, пред се со Сашо Мијалков, а потоа бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде се наоѓале и други високи функционери од партијата – истакна Кацарска.