Нема напредок во решавање на спорот со Република Северна Македонија. Втор ден работатата на мешовитата мултудисциплинарна комисија за историски и образовни прашања, создадена за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и РСМ, тапка во место. Наши експерти коментираат дека нивните колеги од С.Макердонија и тамошните политичари очигледно се одлучни да ги држат граѓаните на РСМ како заложници, пишува софиски „Труд“.

Според извор на „Труд“ од комисијата, македонските партнери во разговорите не мрднале ниту милиметар од своите позиции  и изгледа немаат никакви намери да исполнат какви било услови од договорените на меѓувладино ниво. Нема и ништо заедничко меѓу зборовите на премиерот Зоран Заев од четвртокот и однесувањето на комисијата.

-Или комисијата го лаже Зоран Заев или тој ги лаже сите, појасни изворот.

Засега нема резултати и не се постигнати никаквги конкретни договори, потврди и вториот извор на „Труд“.

Во комисијата продолжуваат споровите околу Цар Самоил. Експертите од Македонија упорно откажувале да ги прифатат аргументите на нашите историчари од периодот на средновековието, кој учениците во Македонија го учат во седмо одделение. Основната дискусија бил периодот на Самоил. Македонските историчари продолжуваат да бидат упорни и не сакаат да прифатат дека Цар Самоил е дел од историјата на Првото бугарско царство и се стремат да го негираат бугарскиот карактер на државата предводена од Самоил.