Во Собранието денеска би требало да има бурен ден полн со активност. Откако вчера лидерот Мицкоски најави, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го достави барањето за оставка на премиерот Зоран Заев, формирање на техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.

СДСМ вчера преку соопштение го одби овој предлог со напомена дека е време за реформи а не за избори и дека за избори треба да се подготвува Мицкоски откако ќе доживее пораз на претседателските избори во април.

Во Собранието денеска треба да се расправа и за интерпелацијата на шефот на диломатијата Димитров поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Но оваа точка е петта на дневен ред за денеска па малку е веројатно дека ќе се одржи во текот на денот.

И за крај пратениците треба да расправаат за барањето на Тодор Петров од СМК за собирање на 150.000 потписи за дополнителен референдум за прашањето за името