Патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Иринеј изјави дека надворешните притисоци треба да доведат до засилено единството на народот и државата во одбраната на своите суверени права и интегритетот на земјата и дека тоа единство не треба да биде нарушено од внатрешните разлики.

Социјалните проблеми и незадоволството што постои во некои слоеви во општеството не треба да го делат националниот идентитет, особено земајќи го во предвид формирањето на уште една албанска војска, спречувањето на снабдувањето на српските институции, болници, училишта… во Косово – изјави патријархот Иринеј за весникот „Политика“.

Тој оценува дека со голема загриженост ги следел демонстрациите на улиците на Бања Лука, затоа што, според него, оние кои не им сакаат добро на Република Српска и на српскиот народ биле среќни со тоа и додаде дека не гледа корист за народот од поттикнувањето на вакви протести во Белград.

Можеби некој не гледа или не сака да види, но сите овие процеси се поврзани – смета патријархот.

Иринеј порача дека властите и државата имаат обврска да ги зголемат своите напори за создавање на демократска атмосфера, мир и соработката во општеството, на решавање на проблемите на сите слоеви, особено на оние кои со своето високо образование и знаење треба да бидат модел.