Министерот за надворешни работи Никола Димитров и изрази благодарност
на Европската Унија за денешната одлука за отворање преговори со Македонија, без притоа да информира дали сме добиле датум и кога преговорите реално може да почнат.

Слични изрази на честитки, во кои не се спомнува датум, почнаа да се шират веднаш по завршувањето на денешниот Европскиот Совет, кој се одржа преку видео-врска поради корона епидемијата, а прес-конференција на која ќе се објави заклучокот се очекува наскоро.

И покрај сите пречки нашето чувство за издржливост и решителност надвладеа. Благодарност до нашите пријатели од ЕУ што го препознаа тоа, и до сите во Македонија кои работеа напорно и никогаш не престанаа да веруваат. Одлуката на ЕУ во овие тешки мигови е симбол на вистинска сила. Подготвени сме за следната фаза од нашето патување кон ЕУ, порача Димитров преку Твитер.