Денешната одлука на министрите за европски работи на земјите членки на ЕУ за отворање на преговорите за полноправно членство со Македонија и Албанија на прв поглед делува оптимистички. Но, тоа е само е само на прв поглед.

Кога подлабоко ќе се анализира оваа одлука се гледа дека во неа никаде нема конректен датум, рок, ниту пак обврзување кога ќе биде одреден конкретен датум за почеток на преговори.

Дека тоа е така денеска потврди комесарот за проширување Оливер Вархеји. Тој изрази само надеж дека датумот ќе дојде многу скоро.

 Ние од наша страна, како Комисија, ќе ја забрзаме нашата работа и многу скоро ќе ја претставиме преговарачката рамка, за реалните преговори да можат да почнат многу скоро, за двете земји, изјави Вархеји

Првата можност за одредување датум ќе биде состанокот на Европскиот совет во мај во Загреб иако нема најави дека тоа и би се случило.

Какво е искуството со другите земји од регионот

За разлика од Македонија, земјите од регионот кога добиле датум за старт на преговорите добивале и конкретен датум кога тие ќе почнат.

Хрватска се приклучи на Европската унија во 2013 година а Советот одреди а осум години претходно Советот одреди и конкретен датум за почеток на преговорите а тој беше 3 октомври 2005 година.

И Црна Гора, која не беше ни независна држава кога ние добивме кандидатски статус, со одлука на Советот имаше конкретен датум за старт на преговорите и тој гласеше јасно и гласно- 29 јуни 2012 година.

Најсвеж пример е Србија која во одлуката за старт на преговори имаше и конкретен датум-јануари 2014 година кога и навистина започнаа.