Алатката за пријавување притисок на работно место од пред една недела е инсталирана на веб сајтот на Министерството за информатичко општество и администрација. Во пресрет на реферндумот не е пријавен ниту еден случај.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на прес-конференција во Владата истакна дека пријавувањето на вакви случаи е анонимно и ги повика граѓаните доколку се соочуваат со вакви проблеми, да ги пријават.

Притисоци, уцени и злоупотреби во јавната администрација не смее да има. Владата и МИОА работат посветено на обезбедување на администрација којашто работи професионално и во служба на сите граѓани. Се обидуваме целосно да ја смениме сликата за зарботена држава, појасни Манчевски.

Прес-конференција на министерот Дамјан Манчевски

Прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски за начинот на пријавување притисоци и злоупотреба во јавната администрација.

Posted by Влада на Република Македонија on Thursday, 20 September 2018

За таа цел, МИОА на 13 септември објави алатка за пријавување на притисоци на работното место во пресрет на референдумот. Алатката има за цел да послужи како заштита на сите вработени во јавната администрација кои во случај на притисок имаат лесно достапно место каде да се обратат, рече Манчевски.

Доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели своите лични податоци, тогаш тие ќе бидат заштитени согласно Законот за заштита на личните податоци за што веќе се преземени соодветни технички и организациски мерки.

МИОА е обврзана сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи за понатамошно постапување.

Во член 160 од Кривичниот законик стои дека тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го
врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.