Пратеничката на Нова Демократија во Република Грција, Марија Спираки, денеска изјави дека Република Македонија или како што ја нарече ПЈРМ не ги исполнува копенхашките критериуми и не е подготвена да ги започне преговорите за пристапување со ЕУ.

Спираки го повтори ставот на грчката опозициска партија, Нова Демократија, кој според неа е и ставот на грчкиот народ „дека не го прифаќаат постоењето на македонскиот народ и јазик”.

„Сакам да им појаснам на луѓето во ПЈРМ дека има голем недостиг од спроведување на реформите. Ние сме тука да ги повикаме властите и политичките партии да продолжат со цел да ги спроведат законите што ги усвоија. Ние ја поддржуваме перспективата на ПЈРМ да биде интегрирана, но сé уште не е подготвена да добие датумот”, додаде Марија Спираки.