Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на Фејсбук анализира колку гласови вреди СДСМ во моментов. Според Ѓорчев на вкупниот мброј на гласови кои Пендаровски вчера ги освои на претседателските избори влијаат и гласовите на ДУИ, ДПА, Алтернатива какои гласовите на ЛДП, ДОМ, ДС и НСДП.

Пратеникот смета дека и самиот Пендаровски повлекол 20 000 гласови кои гласале заради него. Оттаму Ѓорчев извлекува заклучок дека СДСМ со Пендаровски вреди 240 000 гласови, а со лидерот Зоран Заев помалку од оваа бројка.

СДСМ вчера освои само 240.000 гласови. Зошто и како? Пендаровски освои 320.000 гласови. Во тие гласови има околу 80.000 гласови од коалиционите партнери ДУИ, ДПА и Алтернатива, ЛДП, ДОМ и ДС, НСДП, партии на етничките заедници; и други помали партии. Ако се одземат гласовите на 30 коалициони партнери, јасно е дека СДСМ во моментов со Пендаровски вреди 240.000 гласови, а со Заев уште помалку. Во СДСМ Пендаровски стоеше најдобро на анкетите и НЕГОВОТО име беше на ливчето. Тој донесе околу 20.000 “дополнителни”, “свои” гласови. Без Пендаровски на ливчето, со Заев како претседател, СДСМ денес вреди околу 220.000 гласови. Приближно, тоа е бројот на гласови кои ги доби Радмила Шекеринска во 2008 година кога нејзиниот СДСМ беше поразен 63 спрема 27 пратеници. Гласовите за Заев и СДСМ дополнително ќе намалуваат поради катастрофалното владеење на СДСМ на централно и ЛОКАЛНО ниво. Доаѓаат промените! Македонија ќе добие нова Влада предводена од Hristijan Mickoski и ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО, напиша Ѓорчев на Фејсбук.