Апликацијата што ја обелодени тимот на Сиљановска може да се однесува на стотици илјади граѓани на Македонија.

Со апликацијата како што рече Ѓорчев тие може да следат кој каде се движи, каде бил, што лајкувал, што напишал и како напишал.

Ѓорчев најави дека ќе има реакција до институциите, но нагласи дека немаат доверба во нив. Рече дека ИТ-тимот што го имаат работи на темата и информациите се загрижувачки.

Тоа е буквално една афера што можеме да ја наречеме ‘Големото око’. Навика стана на СДСМ до таа мера да се чувствува недопирлив, да прави што сака и  едноставно да ја нарушува приватноста. Но, ова сакам да го кажам, прво граѓаните се чувствуваат непријатно затоа што им е нарушена приватноста, второ колку СДСМ и да ги следи, колку и да гледа што прават, нивно е правото како ќе гласаат зад параванот, и трето треба на оние коишто им ја нарушуваат приватноста, оние коишто сакаат буквално да ги надгледуваат, да им вратат со гласање против нивниот кандидат, затоа што ова е срамота што го прават“, додаде Ѓорчев.