„Антивакциналната кампања која ја водеше СДСМ и се удри од глава на владата предводена од Зоран Заев, а тука и на министерот за здравство Филипче. Веќе неколку трудници ги изгубија своите бебиња затоа што власта е неодговорна. Венко Филипче мора да си замине. Животот на граѓаните нема цена“,порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија прашуваат:

Каде беше Филипче четири месеци со мерките за спречување на ширењето на морбилите? Каде беа мерките да се спречи ширењето на болеста помеѓу вработените во здравствените институции, да се провери дали негувателките и воспитувачките во предшколските установи биле вакцинирани?“, праша Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа прашува и дали е вистина дека нема вакцини во болниците во Кичево и Кочани? И Кој ќе понесе одговорност за новите заразени во овие градови?

Неспособноста и лошото менаџирање во здравство резултира и со жртви. Филипче, сега, трчајќи да ја помине Македонија и да лобира за претседателскиот кандидат Пендаровски, сосема заборави на здравството“, рече Славева.