Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседателка на СДСМ

01.12.2021 / 11:53


Поранешната пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски денеска објави дека поднесува кандидатура за претседател на СДСМ.

-Ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период, согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, активистите и симпатизерите на СДСМ, изјави Ременски пред партиското седиште.

Вели дека одлуката ја донела врз основа на нејзиниот целокупен општествено-политички и партиски активизам.

По поднесување на кандидатурата Ременски во изјава за новинарите Пред седиштето на партијата Ременски изјави дека преку личен пример сака да покаже дека жените можат и знаат. Додава дека очекува поддршка од колешките во партијата и од сите членови, кои како што вели, го знаат нејзиниот карактер и конзистентност во ставовите.

-Очекувам овој период СДСМ да го искористи за вистинско обединување на членството, за консолидација на партиските редови, за намалување на разликите меѓу одредени структури во рамките на партијата, затоа што многу е важно каква визија ќе промовираме. Мојата визија за СДСМ во следните пет години е победник во сите процеси пред коишто се исправен, изјави Ременски.

Денеска и Димитар Ковачевски најави дека официјално ќе ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ во партиското седиште.

Партијата ги повика сите заинтерсирани да се самокандидираат, а постапката започна на 27.11.2021 и ќе трае седум дена.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски за истрагата за марихуаната вели дека има вмешани функционери од поранешната Влада

пред 8 часа
Македонија

Mицкоски објасни под кои услови може да станеме членки на ЕУ, без Бугарија да блокира

пред 8 часа
Македонија

Западниот Балкан ќе профитира од намерата на ЕУ да ја внесе Украина по секоја цена

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, се ќе биде поткрепено со докази

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Нема да има предвремени избори, реконструкција на Владата најдоцна до јуни

пред 2 дена
Македонија

Mицкоски: Постои сценарио за членство во ЕУ следната година заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, но без право на глас

пред 2 дена
Македонија

Шекеринска е од големото добро утро, не објасни што барале со Заев во СЈО да носат материјали

пред 3 дена
Македонија

Почна со работа Одборот за мир

пред 3 дена
Македонија

Таравари посегна по национализам и етнички тензии

пред 3 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Таравари ќе зема плата само од даноците што ги плаќаат Албанците во Арачиново, Липково и Тетово

пред 3 дена