Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/0654/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на  седницата одржана на 16.11.2021 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за  2021 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија, соопштија од Министерството за култура.

Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на: проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор, во областа на културата и уметноста  наградата им се доделува на: Јован Павловски, писател, м-р Снежана Анастасова Чадиковскамузички уметник, Елена Дончева, академски сликар – костимограф.

Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во  ,,Службен весник на РСМ“ , соопштуваат оттаму.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2021 година (среда) во 12 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија.