Безброј смртни случаи по клиники кои што се под знак прашалник, но од министерство за здравство истрага нема покренато. Меѓу такви смртни случаи и е за една пациентка која што ја шетале по клиники неколку дена и потоа таа починала, анализира Курир.мк

Имено, пациентката наместо да биде итно хоспитализирана и лекувана, таа била предавана од клиника на клиника, по што била испратена дома. Но, состојбата и се влошува, по што семејството повторно побарало лекарска помош. По повторното шетање низ клиниките, пациентката конечно била хоспитализирана, но за жал било предоцна, бидејќи истата пациентка починува.

Според документите се увидува дека пациентката е шетана од клиника на клиника, но одговорност и истрага за ова нема, а министерот за здравство Венко Филипче воопшто не е заинтересиран за случајот.

Според првиот документ од 07.10.2020, Извештај од пластичен хирург на Клиничка болница „Свети Наум Охридски“ пациентката се испраќа на Клиника за пластична хирургија.

Истиот ден според вториот документ од Извештај на пластичен хирург на Клиника за пластична хирургија, пациентката се испраќа на Ортопедија.

Пак на тој ден пациентката е препратена потоа пак на Пластична хирургија, па потоа на Клиника за токсикологија ургентна медицина, Клиника за ендокринологија, па потоа ја враќаат на Хирургија. И на 09.10.2020 ја враќаат пак на Ортопедија. И така за три дена пациентката е прошетана на 10-тина клиники.

И на 09.10.2020 пациентката пак се прима на Клиника за пластична хирургија но во тешка состојба при што се повикува анестезиолог. И истиот ден со Извештај на анестезиолог се потврдува смртта на пациентката. Тој ден се испорачува и отпусно писмо на починатата пациентка.

Прашањето кое се поставува е зошто пациентката не била веднаш хоспитализирана, на надлежната клиника, за да добие шанса да се избори со животозагрозувачката состојба?

Бидејќи според изворите докторот кој што ја прегледал пациентката во амбулантното возило кој заклучил дека таа мора да биде хоспитализирана, на што укажувало високото CRP. Според распоредот на министерството, за третман на пациенти со ваква дијагноза таа недела била надлежна Клиниката за ортопедија, каде што скопјанката била упатена.

И додека министерот за здарсвтво Венко Филипче наоколу оди низ клиниките и ги уверува граѓаните дека состојбата е под контрола, пациентите починуваат бидејќи се шетаат низ клиниките наместо да бидат згрижени во соодветната.