Министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека ќе се направи проценка дали треба да се набават и соoдветни количини од руската вакцина против Ковид-19.

Во текот на вчерашниот ден тим на Министерството за здравство имаше состанок со надлежната компанија по прашање на стручните анализи – додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посета на новата модуларна болница во Велес.