Зад Културниот центар „Иван  Михајлов“ во Битола стои бугарскиот тајкун д-р Милан Врабевски, обедлоденува Фактор.бг.

Фактор.бг пишува дека Врабевски бил почесен гостин на бугарската заедница во РС Македонија на отворањето на центарот, што бил изграден со негова финансиска помош. Поддршката на центарот е дел од долгогодишната програма на Врабевски и Фондацијата Бугарско сеќавање за прекугранична соработка, интеграција и европска перспектива на сонародниците во Македонија, вели Фактор.бг.

Бугарскиот бизнисмен долги години финансиски ја поддржува активноста на центарот и досега и подарил автомобил за потребите на тимот, кој го води, ги покрива месечните трошоци на организацијата и ја плаќа киријата за просторот.

По настаните во Битола и во Охрид, Врабевски организирал свечен ручек за присутните гости и претставници на бугарската заедница од двата града.

Името на бизнисменот Врабевски и на неговата фондација и се познати на македонската јавност по вакцинирањето за ковид во неговата болница во Софија, како и по обновата на гробиштата на бугарската војска во струмичко Ново Село.