Како што „Пресинг TВ“ предвиде, на бугарската хистерија и нема крај. Овојпат на тапет се најде претседателот Стево Пендаровски, кој при официјалната посета на Црна Гора, заедно со неговиот колега Мило Ѓукановиќ, заеднички ја поставија плочата на црногорскиот кнез Владимир и на македонската принцеза Косара на истоимениот плоштад во Бар.

РС Македонија продолжува брутално да ја фалсификува бугарската историја за себични цели на највисоко ниво, Последниот пример за тоа е откривањето на паметник на „македонската“ принцеза Теодора Косара од страна на претседателот Стево Пендаровски во црногорскиот град Бар, пишува Фактор.бг, пренесувајќи ја БГНЕС.

Овој чин на Пендаровски е исклучително чуден на фонот на уверувањата од страна на властите во Скопје дека прават се за почитување на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, што двете земји го потпишаа во август 2017 година.

Бугарскиот историчар и специјалист за средновековна историја, проф. Пламен Павлов, вели дека принцезата Теодора Косара е ќерка на бугарскиот цар Самоил и сопруга на кнезот на Дукља, Иван Владимир, која тој ја заробува за време на поход, а потоа се жени со неа.

-На прв поглед со еден невин гест-откривање на една споменплоча за љубовта меѓу „ќерката“ на цар Самоил и „црногорскиот“ кнез Иван Владимир-властите во Скопје сакаат да покажат дека во Средниот век има македонско царство и тоа нема ништо заедничко со Бугарија, дека тоа води некаква сопствена надворешна политика, како што тоа денешната РС; се обидува да го прави, изјави за БГНЕС, проф. Павлов.

Тој посочи дека се експлоатира една приказна, која е многу добро позната во средновековието. Таа има одглас далеку надвор од Балканот. Според некои истражувачи, љубовта меѓу Теодора Косара и Иван Владимир има некаков макар и далечен одглас и во пиесата „Бура3 на Вилијам Шекспир, зашто слични приказни биле интересни за луѓето од ренесансата, пишува БГНЕС.