Двајца скопјани загинале откако нивното возило излетало од патот во близина на Катланово. Како што соопштуваат од полицијата, автомобилот, вчера на пладне, бил пронајден под мостот на реката Пчиња, на локалниот пат Катланово  – Бадар.

Веднаш реагирале припадници на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, но се што можеле да направат е да го извлечат возилото во кое се наоѓале двајцата починати. Станува збор за 39-годишниот З.Н. и 22-годишниот С.П., коишто се возеле во автомобил марка „Фиат Мултипла“.

По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.