Ви кажувам сега, како што се кладевме и во октомври – датум во март нема да има, рече пратеникот Илија Димовски на денешната расправа во Собранието за предлог-законот за јавно обвинителство.

Тој смета дека брзањето со законот со изговор дека треба да се донесе заради датумот за преговори е фарса и залажување на народот.

Нема да има датум во март, нема потреба да се лаже народот. Да ве потсетам, ви рекоа дека не е важно само да се донесе законот, туку и како ќе се донесе. Вие имате контакти со амбасадорите и знаате дека знаат сè. Особено за „Рекет“, верувајте знаат и каде завршила торбата „Луј Витон“ со парите и во кој град, рече Димовски во реплика на Емилија Александрова од „независтините“.

Димовски потенцираше и дека ВМРО-ДПМНЕ стои на ставот дека ако се важат „бомбите“, треба да важат за сите, а не само за претходните обвиненија, како што сега налага законот.