Директорот на истражниот затвор во Шуто Оризари, Есад Рахиќ вели дека немало никаков напад врз Бојан Јовановски од страна на вработените во затворот.

До мене стигна само информација дека утрово бил малку нервозен и не сакал да му се стават лисици кога требало да биде спроведен во судот, веројатно тоа е причината што така изјавил, рече Рахиќ за „Република“.

Рахиќ објасни дека според протоколот на Јовановски, сепак, морало да му бидат ставени лисици на рацете. Директорот на затворот додаде и дека во последните седум месеци Боки го чувале како мало бебе и дека нема шанса некој од таму да му направил било што.

Јовановски пред почетокот на денешното судење за „Рекет“ на самиот влез од судницата им се пожали на новинарите дека бил нападнат.