Ова што го прави Бугарија не е пристојно, вели во интервју за австрискиот „Стандард“, македонскиот вицепремиер Никола Димитров. Ако Софија не се повлече, ќе бараме нови начини за европеизација, вели тој.

По 15 години кандидатски статус, вета од Грција, Франција и Бугарија, станува тешко да се разбере дали ЕУ е сериозна, вели во интервјуто за австрискиот весник Стандард актуелниот вицепремиер за евроинтеграции и поранешен шеф на дипломатијата Никола Димитров.

Најпрво бевме блокирани од Грција, но го решивме овој проблем. Потоа Франција покрена нова методологија за проширување и сега постои нов проблем со Бугарија. Навистина е тешко да се разбере дали ЕУ е сериозна во однос на нас, вели Димитров.

Министерот вели дека доколку Софија не ги промени позициите „ќе мораме да најдеме нови начини на кои ќе ја европеизираме нашата земја”.