Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи биле поканети од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот да учествуваат на работен состанок во Берлин на кој ќе присуствува и министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Kако што јави МИА целта на разговорите во германскиот главен град е да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.