На шест дена до крајот на лигашкиот дел од најсилната светска кошаркарска лига – НБА, ноќта меѓу среда и четврток на распоредот беа 12 натпревари по кои продолжува големата неизвесност кои ќе бидат последните три патници во плејофот.

Постигнати резултати:

Детроит – Индијана 89:108
Орландо – Њујорк 114:100
Вашингтон – Чикаго 114:115
Атланта – Филаделфија 130:122
Бруклин – Торонто 105:115
Мајами – Бостон 102:112
Њу Орлеанс – Шарлот 109:115
Далас – Минесота 108:110
Денвер – Сан Антонио 113:85
Феникс – Јута 97:118
Портланд – Мемфис 116:89
ЛА клиперс – Хјустон 103:135.

Плејоф од Западната конференција изборија: Голден стејт, Денвер, Портланд, Хјустон, Јута, ЛА клиперс, Оклахома и Сан Антонио.

Од Истокот место во разигрувањето за титулата досега изборија: Милвоки, Торонто, Филаделфија, Бостон и Индијана, за преостанатите три конкурираат Детриот, Орландо, Бруклин, Мајами и Шарлот