Ана Ивановиќ се појави на црвениот тепих, а покрај долгиот жолт фустан со отворено рамо  внимание привлече и нејзиниот часовник.

Ролексот на порашната тенисерка е од бело злато, кој е покриен со дијаманти во боите на виножитото, вреди 500.000 евра.Моделот е уникатен и повеќе не се произведува.