Познатиот производител на самолепливи сликички „Панини“ наскоро ќе извади албум посветен на квалификациите за Европското првенство 2020 како и од Лигата на нации.

Тоа значи дека за прв пат љубителите на ова хоби ќе може да купуваат сликички со наши фудбалери што досега не беше можно поради тоа што Македонија никогаш не учествуваше на завршниот турнир.